Не плаќајте ако не ви дадат фискална сметка

Bez autora
Nov 12 2013

Ако продавачот не ви даде фискална сметка, може да не платите за купената стока или за добиената услуга. Но, ако инспектор ве фати дека не ја чувате фискалната сметка 15 метри од дуќанот каде што сте пазарувале, може да ве казни со глоба од 20 евра. Ова се најновите измени на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, кои веќе се во собраниска процедура. Овие одредби им се добро познати на граѓаните бидејќи ова е трет обид за нивно заживување во пракса. Претходните два обида паднаа на Уставен суд во 2007 година и уште еднаш лани. Целта на предложените измени, според Министерството за финансии, е да се дисциплинираат трговците што не издаваат фискална сметка. Образложението на Судот двапати беше дека одредбите се косат со Уставот, односно правилата на пазарот налагаат дека услугата или стоката мора да биде наплатена во моментот на нејзиното предавање, со што се заокружува односот меѓу купувачот и продавачот, односно не може да купиш нешто без да платиш и да стекнеш сопственост врз нешто за што не си платил.

Не плаќајте ако не ви дадат фискална сметкаАко продавачот не ви даде фискална сметка, може да не платите за купената стока или за добиената услуга. Но, ако инспектор ве фати дека не ја чувате фискалната сметка 15 метри од дуќанот каде што сте пазарувале, може да ве казни со глоба од 20 евра.

Ова се најновите измени на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, кои веќе се во собраниска процедура. Овие одредби им се добро познати на граѓаните бидејќи ова е трет обид за нивно заживување во пракса. Претходните два обида паднаа на Уставен суд во 2007 година и уште еднаш лани. Целта на предложените измени, според Министерството за финансии, е да се дисциплинираат трговците што не издаваат фискална сметка.

Образложението на Судот двапати беше дека одредбите се косат со Уставот, односно правилата на пазарот налагаат дека услугата или стоката мора да биде наплатена во моментот на нејзиното предавање, со што се заокружува односот меѓу купувачот и продавачот, односно не може да купиш нешто без да платиш и да стекнеш сопственост врз нешто за што не си платил.

Инаку, правникот Стамен Филипов двапати ги оспоруваше овие одредби пред судот и вели дека ако треба, тоа ќе го стори и трет пат.

- Граѓанинот не е тој што треба да му нареди на продавачот да му даде фискална сметка. Затоа постојат инспекции, јас како граѓанин не смеам да се поставам на тоа ниво. Вака, со целта да се зајакне фискалната дисциплина, се отвора правна рамка за озаконување на беззаконието. Така секој може да пазарува стока на места каде што не се издаваат фискални сметки и да си замине. Ова само може да ги зголеми тепачките, а најверојатно продавниците ќе треба да изнајмат и служби за обезбедување од несакани дејства. Затоа ова не може да биде регулирано вака, тој што не издава фискални сметки треба да се пријави во инспекција и таа да постапи - вели Филипов.

Од Министерството за финансии не добивме одговор на прашањата зошто повторно се носат законски решенија за кои Уставниот суд се изјаснил дека се косат со Уставот и дали има некои правни промени во предложените законските одредби, со кои ресорот очекува тие да поминат и да се применуваат во пракса.

Дури 71 отсто од контролираните трговци не издавале фискални сметки

Од септември, кога беа најавени засилените контроли на УЈП, заклучно со октомври, Управата за јавни приходи има извршено вкупно 1.097 контроли во делот на фискализацијата. Kај 775 објекти или 71 процент од контролираните објекти во изминатите два месеца, даночниците утврдиле неправилности во финансиското работење, односно прикажување помал промет од реалниот и неиздавање фискални сметки и несоодветно водење на потребната финансиската документација. Kај 322 (29 проценти) контролирани бизниса даночниците не утврдиле неправилности.

- Би напомнале дека активна улога и наш партнер во спречувањето на даночната евазија се и граѓаните, кои пријавиле 2.440 случаи на неиздавање и други неправилности поврзани со фискални сметки преку бесплатната телефонска линија 198 или со поднесување електронска пријава - велат од УЈП.

Расте бројот на фискални апарати

Податоците на УЈП покажуваат дека годинава расте бројот на трговци што користат фискални апарати. Податоците покажуваат дека во првиот квартал од годинава бројот на фискални апарати изнесувал 115.057, а на фискализираните даночни обврзници 69.210. Во третиот квартал од годинава имало 119.794 фисклани апарати и 72.062 фисклаизитрани даночни обврзници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik